В.Д. тренерот на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, жали што неговиот тим не успеа да издвојува победа во дербито против Челси денеска во Премиерлигата.
Тој истакна дека е разочаран што неговиот тим не успеал да постигне и втор гол, и да го добие мечот.
„Малку сме разочарани затоа што можевме да постигнеме втор гол. Ова чувство не се појави само кај мене, туку кај сите во соблекувалната. Во последните натпревари губиме бодови, затоа што не ги користиме шансите. Во таа смисла не сум загрижен. Кога играчите ќе влезат во игра, и кога ќе стекнат самодоверба, тогаш ќе дојдат и резултатите“, рече Холанѓанецот.
Тој призна дека и натаму не разговарал со новиот тренер Рубен Аморим, но дека со нетрпение чека да го запознае.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

