Ван Перси ќе го предводи Фенербахче против Вардар

Реваншот со Фенербахче за вардарци ќе биде вистински „пекол“, најмногу поради тоа што Робин Ван Перси ќе биде најголема закана за Гачевски. Холанѓанецот вчера стартуваше од првата минута за „фенерите“ во мечот против Трабзонспор во турската лига, што е знак дека Кочаман ќе смета на него за дуелот кој ќе се одигра за три дена во Истанбул.

Иако Ван Перси не беше од корист за неговиот тим со оглед на тоа дека од ниту една гледна точка не влијаеше врз резулатот, самиот факт дека пред Вардар ќе биде некогашниот најдобар стрелец во Премиер-лигата, доволно говори за неговиот квалитет.

Треба да се напомене дека Ван Перси има достојна замена на клупата, Роберто Солдадо, а нема да биде изненадување доколку Кочаман ги стави и двајцата голгетери во почетната постава.

 

Се вчитува...