Ван Перси уште еднаш ја покажа човечката големина

Холандскиот фудбалер Робин ван Перси на натпреварот на неговиот Феенорд против Витесе уште еднаш ја покажа човечката големина која оди паралено со фудбалските квалитети. Пред почетокот на натпреварот Ван Перси по кратка конверзација реши да го крене на раменици детенцето со кое требаше заедно да излезе на теренот.

Дуелот меѓу Феенорд и Витесе заврши без победник 1-1, а овој потег на Холанѓанецот беше поздравен од сите присутни на стадионот.

Се вчитува...