Ван Перси заминува во пензија на крајот од сезоната

Поранешниот холандски репрезентативец и член на Арсенал и на Манчестер јунајтед, Робин ван Перси, одлучи да стави крај на својата богата фудбалска кариера по завршувањето на оваа сезона. Тој сега го носи дресот на холандскиот Феенорд, каде и ја започна кариерата.

„Ќе наполнам 36 години и ќе изминат цели 18 години како сум професионален фудбалер. Од мои пет години тренирам фудбал и чувствувам дека телото веќе бара одмор. Се вратив во Феенорд за да се обидеме да ја освоиме шампионската титула. Ќе бидам најсреќен доколку успееме, но задоволство ми прави и самиот факт што повторно го носам дресот на овој клуб. Кога ќе ја почувствувам атмосферата, знам дека никогаш не погрешив“, изјави Ван Перси.

Холанѓанецот за националната селекција одигра 102 натпревари и постигн 50 гола. Со Арсенал освои ФА куп на Англија, а со Манчестер јунајтед шампионска титула во Премиер – лигата.

Се вчитува...