Ван Влит стана претседател во НБА

Ѕвездата на Хјустон Рокетс, Фред ван Влит официјално има нова задача во НБА лигата откако беше избран за претседател на Здружението на кошаркари.

Неговиот четиригодишен мандат кој го наследува од Си-Џеј Меклоум започнува веднаш и тој не го крие задоволството што му е доверена голема одговорност.

„Чест ми е што ме избраа за претседател на Здружението на кошаркари на НБА. Со нетрпение чекам да продолжам да работам за најдобрите интереси на сите членови“, изјави Ван Влит.

Сега деветгодишниот ветеран кариерата ја започна во 2016 година како дел од развојната лига откако не беше одбран на драфтот. Беше дел од шампионскиот тим на Торонто во 2019 година, а во 2022 година беше именуван и за Ол-стар.

Се вчитува...