Капитенот на Партизан, Вања Маринковиќ, беше опериран на ахиловата тетива во финскиот град Турку. Минатиот петок, српскиот бек доживеа сериозна повреда на крајот од натпреварот против Хапоел во Минхен, кој црно-белиот тим го доби по продолжение со резултат 104-101.
На Маринковиќ му беа претставени неколку опции за закрепнување, а на крајот тој одлучи да се оперира во клиника која се смета за најдобра за ваков вид повреда. Според првите информации, Вања се чувствува добро по операцијата, но го очекува долг процес на закрепнување.
Сезоната дефинитивно заврши, и се очекува дека ќе биде надвор од терените девет месеци. Маринковиќ оваа сезона во Евролигата имаше просек од 5,9 поени, 1,6 скока и 0,8 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

