Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ванче Шиков е ново засилување на велешки Борец. Искусниот штопер потпиша договор до крајот на сезоната со прволигашот во кој главна цел ќе биде опстанокот во лигата откако главниот спонзор на тимот, Кочо Анѓушев се откажа од финансирањето на велешкиот клуб.
Ванче Шиков во Борец доаѓа од редовите на кавадаречкиот Тиквеш во кој беше дел од 2019 година. Покрај Тиквеш во Македонија Шикови настапуваше и за Академија Пандев, Работнички и Победа, а исто така во кариерата има играно и за Олимпијакос, Австрија Виена и Нефчи Баку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

