Ванда гореше слики: Икарди го избрал Интер пред сопругата?!

Сапуницата „Мауро Икарди“ доби необичен пресврт откако Ванда Нара синоќа на својот инстанграм профил објави видео како ги гори заедничките фотографии со аргентинскиот голгетер со кого е во брак неколку години. Икарди и Нара заедно го следеа натпреварот меѓу Интер и Сампдорија од трибините на „Џузепе Меаца“, таа потоа го бранеше својот сопруг на емисијата „Тики Така“, па токму затоа најновиот развој на настаните е големо изненадување.

„Ова најверојатно е крај на бракот. А ако тоа е вистина, тогаш Икарди го избрал Интер пред сопругата“ – пишуваат италијанските медиуми.

Ванда инсистираше на заминување на Икарди од „Џузепе Меаца“ одолговлекувајќи ги преговорите за нов договор, а челниците на Интер беа бесни што таа откриваше детали од разговорите при секое излегување во јавноста. Икарди беше казнет со одземање на капитенската лента токму поради ваквиот однос на неговата сопруга, во меѓувреме Реал се откажа од намерата за негов ангажман токму поради незгодниот карактер на Ванда, што очигледно придонело аргентинскиот ас уште еднаш да размисли за целата ситуација.

Се вчитува...