Ванда Нара побегнала од карантин со децата, ги одвела во жариштето на вирусот

Ванда Нара предизвикува бури и во периодот на пандемија, овојпат со одлуката заедно со децата да си замине од Париз и да се пресели назад во Италија, во куќата на брегот на езерото Комо. Одлуката на старлетата е во најмала рака шокантна ако се знае дека Комо се наоѓа во покраината Ломбардија, најголемото жариште на Ковид-19 на Апенинскиот Полуостров.

На таквото нешто гласно реагираше поранешниот сопруг Макси Лопез, кој со Ванда има три деца, кои Аргентинката ги ставила во директна опасност.

„Ги одведе децата од Париз, и тоа директно во епицентарот на инфекцијата. Сакам да знам по кој критериум си побегнала од карантин во време на глобална пандемија, кога лекарите бараат од луѓето да не се движат. Ги изложи децата на ризик со патување од една во друга држава, ги пресели во жариштето на вирусот (Ломбардија), не грижејќи се за последиците. Што имаш во главата во овие моменти, кога најсветата работа што може да постои е здравјето на децата. Ако не сакаш да се грижиш за себе, барем гледај на нив, сепак си мајка на пет деца, иако тоа изгледа не го забележуваш“, напиша Макси Лопез.

Се вчитува...