Интер го совлада Милан во градското дерби со 1-0, а стрелец на единствениот погодок беше Маиро Икарди во втората минута од судиското продолжение. Тој ја икористи слабата реакција на Џанлуиџи Донарума, скокна високо и со удар со глава ја затресе мрежата на „росонерите“. Тифозите на Интер долго ќе ја слават оваа голема победа над градскиот ривал, а Икарди најубавиот подарок го доби од сопругата Ванда Нара.
Прекрасната русокоса го бакна Икарди на трибините, и му порача: „Ти си мојот херој!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА