Вандали уништија мурал посветен на Хабиб – „Тој не е наш херој“ (ФОТО)

Навивачите на Хабиб Нурмагомедов во рускиот град Челебинск по големата победа над Џастин Гечји нацртаа мурал со што му оддадоа чест на големиот борец. Сепак, муралот не издржа ниту еден месец бидејќи непознати лица го пречкртаа и уништија. Покрај ликот на Хабиб на муралот имаше нацртано и орел, кој е препознатлив симбол на Дагестанецот. Муралот беше дело на локалниот уличен артист Тимур Бразил, чиј цртеж беше уништен со црна боја и кратка порака: „Тој не е наш херој“.

Се вчитува...