Проблемите за организаторот на Летните олимписки игри, Франција продолжуваат откако тамошната влада соопшти дека повеќе телекомуникациски линии биле погодени од вандалски чин, влијаејќи на оптиката и мобилните и фиксните линии во градовите во Франција кои се домаќини на Олимписките игри.
Не е познато колкава е штетата или дали се засегнати некои активности поврзани со Олимпијадата во Париз.
Ова е втор акт на вандализам на Олимпијадата. Првиот се случи пред самата церемонија на отварањето на Игрите кога беа подметнати пожари низ француската железничка мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА