Ване Јованов замина од Вардар и бара нов ангажман

Десниот бек Ване Јованов, досегашниот член на Вардар го напушти „црвено-црниот“ тим и во моментов е во потрага по ангажман. За него има интерес од неколку клубови од земјава, а во следниот период ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Во минатото Јованов играше за Академија Пандев и Брегалница, а од јануари оваа година се приклучи на „црвено-црните“ кои не успеаја да обезбедат место во прволигашката конкуренција.

Покрај десната бековска позиција, Јованов може да игра и на левата страна, а исто така може да игра и како крилен фудбалер. Во минатото Јованов беше дел од младинската репрезенација на Македонија за која има 10 настапи и постигнато ден гол, а играше и за помладите у-19 и у-17 селекции.

Се вчитува...