Досегашниот фудбалер на АП Брера Струмица, Ване Крстевски и официјално промовиран како ново засилување на Шкендија за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
20-годишниот напаѓач во Струмица дојде од Штип во 2019 година кога заигра за младинските погони на тимот.
Од сезоната 2020/2021 беше и стандарден првотимец на АП Брера притоа одигрувајќи вкупно 72 натпревари во четири сезони и постигнато осум гола и исто толку асистенции.
Во есенската полуетапа за Брера, младиот Крстевски одигра 17 натпревари и постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

