Ванеса Брајант уште долго нема да може да ја преболи големата семејна трагидија откако во хеликоптерска несреќа животот го загубија нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиџи.
Таа на својот инстаграм-профил објави заедничка фотографија со Коби, во чест на Сент Валентајн, омилениот празник на кошаркарската мегаѕвезда.
„Ти си мој Валентајн засекогаш, толку многу те сакам. Многу ми недостигаш на овој, твој омилен празник. Засекогаш ќе те сакам. Ти праќам бакнежи тебе и на Џиџи во рајот. Среќен Валентајн“, напиша Ванеса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

