Семејството на легендарниот Ф1 возач, Михаел Шумахер, кој повеќе од три години се бори за да се исправи на нозе по страшната несреќа што ја доживеа на скијање, востанови награда со име „Продолжи да се бориш“ (Keep Fighiting Award), а овој викенд и беше доделена на Ванеса Лоу (26), спортиската која остана без двете нозе во изминатите 15 години, но и понатаму спортува. И не само што спортува, туку и освои два медали на Параолимписките Игри во Рио, златен медал во скок во далечина и сребрен медал во спринт на 100 метри.
Оваа награда треба да биде еден вид поттик за сите спортисти кои се соочуваат со огромни здравстени проблеми, и понатаму да продолжат да се борат во животот и да му се вратат на спортот. Тоа истовремено треба да биде и поттик за самиот Михаел Шумахер да продолжи да се бори и да ја победи сегашната здравствена состојба.
„Се восхитувам на семејството Шумахер и нивниот храбар чекор. Стојам за вредностите кои ги претставува оваа награда и со задоволство ќе ги промовирам. Горда сум што прва го понесов ова признание“, изјави Ванеса Лоу.
Таа во сообраќајна несреќа пред 15 години ги загуби двете нозе, но продолжи да се бори во животот и стигна до олимписки медали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА