Одличен старт има Елиф Елмас во дресот на Торино, откако пристигна на позајмица од Лајпциг оваа зима. Веќе постигна два погодоци, и покажа дека му „лежи“ италијанскиот фудбал, откако не се снајде во Бундеслигата.
Тренерот на Торино, Паоло Ваноли пред натпреварот со Парма, го пофали македонскиот интернационалец, и кажа дека е задоволен од она што го прикажува на теренот.
„Прашање е дали Елмас е во форма, но јас сум уверен дека може да биде уште подобар. Очекував придонес од него, и задоволен сум од него. Тој е фудбалер со одлична техника, и затоа можеби на моменти не изгледа како да не трча премногу“, вели Ваноли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

