Ванвлит доби жестока казна од НБА лигата

Бекот на Хјустон Рокетс, Фред ВанВлит е казнет со 50.000 долари поради несоодветно однесување кон официјалните лица пред крајот на натпреварот против Портланд Трејл Блејзерс, објави НБА.

ВанВлит доби техничка грешка во последните моменти од натпреварот, кој Трејл Блејзерс го добија со 104-98. Тој при напуштањето на теренот со вербален испад покажа со прст кон сите тројца судии.

„ВанВлит беше казнет поради тепачка и употреба на непристојни зборови кон судиите при крајот на натпреварот против Портланд“, објави НБА.

Се вчитува...