ВАР дебата во корист на Силекс: Пиреш за водство на кратовци против Македонија ЃП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс водат со 1-0 на полувреме против Македонија Ѓорче Петров во единствениот натпревар од денешната понуда од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига.

И двата тима влегоа многу внимателно во натпреварот, па по 20 минути игра не добивме ниту една шанса на двете страни на теренот, а на семафорот се уште стоеја почетните 0-0. САмо три минути подоцна домаќините успеаја да поведат со 1-0 откако новата аквизиција Пиреш стрелаше прецизно во голот на противникот. Целата ситуација се прегледа и со ВАР поради можен фаул, но на крајот погодокот беше признаен.

ПМФЛ 3. КОЛО: 

ВЧЕРА: 

СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-0

ВАРДАР – АП БРЕРА 2-2

ДЕНЕСКА(17 часот) 

СИЛЕКС – МАKEДОНИЈА ЃП 1-0

НЕДЕЛА (17 часот) 

ШКЕНДИЈА – АРСИМИ 

ПОНЕДЕЛНИК (17 часот) 

БАШКИМИ ТИКВЕШ 

ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...