ВАР го спаси Милан од пораз од Фиорентина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан некако успеаја да се спасат од пораз откако во последниот меч од денешната програма од 31. коло во Серија А ремизираа со Фиорентина 2-2.

Гостите од Фиренца поведоа со 0-1 со автоголот на Тио во 7. минута, а само три минути подоцна беше и 0-2 со голот на Кеан.

До крајот на првиот дел „росонерите“ намалија на 1-2 преку Тами Абрахам во 23. минута. Лука Јовиќ во 64. минута целосно го врати домаќинот во игра израмнувајќи на 2-2.

Тимот од Фиренца успеа да постигне гол за 2-3 преку Додо во 89. минута, но по проверка на ВАР тој беше поништен поради офсајд.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...