Винченцо Монтела мора да слави денека против Џенова за да си го спаси тренерското столче, но стратегот на Милан се соочува со тешка задача откако на средината од првото полувреме остана без помошта на Леонардо Бонучи, кој заработи црвен картон.
Главниот судија му го покажа патот кон соблекувалната на капитенот на „росонерите“ дури по прегледувањето на видео-снимката, откако ВАР технологијата покажа дека Бонучи без топка го удри со лакотот во лицето противничкиот фудбалер Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА