ВАР и пресуди на Барса: Пенал за Интер, Чалганоглу носи 2-0

Интер е многу блиску до големото финале откако „нероаѕурите“ поведоа со 2-0 на реваншот против Барселона. Се играше самиот финиш од првото полувреме откако Лаутаро излезе зад противничката одбрана, Кубарси на прв поглед стигна до топката, акцијата на Барса продолжи, но Марчинијак на крајот беше повикан од ВАР-арбитрите.

По прегледувањето на снимката тој ја смени првата одлука и покажа на белата точка, по што Чалханоглу стрелаше прецизно и донесе водство од 2-0.

Погледнете го СПОРНИОТ МОМЕНТ, дали ова беше старт за пенал за Интер, Ханси Флик очигледно верува во спротивното.

Се вчитува...