ВАР ја спаси Белгија: Мароко попусто го прослави водечкиот гол (видео)

Првото полувреме меѓу Белгија и Мароко заврши без голови, исход од кои понезадоволни сигурно се Мароканците ако се знае дека им беше поништен гол во судиското продолжение.

Зијеш ја нафрли топката од скратен корнер, таа ги прелета сите фудбалери во шеснаесетникот и го изненади Куртоа, по што следеше големо славје на Мароканците, како на теренот, така и на трибините. Сепак, таа радост беше прекината откако со ВАР беше утврдено дека еден од мароканските фудбалери се наоѓал во офсајд, а потоа се обидел да игра со топката, по што по прегледување на снимката овој гол беше поништен.

Спорниот момент можете да го проследите на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...