Наполи стигна до четвртата победа во Серија А откако во последниот натпревар од четвртото коло славеше на домашен терен против Пиза со 3-2 во суперинтересен натпревар.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од првата минута, а истата ја искористи со гол кој за жал беше поништен од страна на ВАР поради минимален офсајд на напаѓачот Расмус Хојлунд.
Натпреварот сепак го отвори фудбалер на Наполи, Били Гилмур кој ја затресе мрежата во 39. минута. Предноста за домаќините остана на семафорот се до 59. минута кога од пенал изедначи Нзола.
Во 73. минута Спинацола го врати Наполи во предност, а во 82. минута Лука постигна гол за 3-1. Конечниот резулатат го постави Лоран во 90. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

