Велс и Иран играат без голови (0-0) на полувреме во воведниот натпревар од 2. коло на Светското првенство во Катар. Двете репрезентации имаа по една стоотстотна шанса, но по 45 минути мрежите мируваат.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Велс. Кифер Мур одлично биеше од пад во 13. минута, но феноменална интервенција на голот имаше Хосеини кој го спречи неговиот удар. Иранците поведоа со 0-1 со погодокот на Голизадех во 15. минута, но поради офсајд погодокот по проверка на ВАР беше поништен. Шанса за Иранците имаше и Азмун, но не се снајде баш најдобро во 23. минута. Истиот фудбалер имаше уште една шанса во судиското надополнување, но биеше покрај голот.
Ali Gholizadeh (Iran) disallowed goal (offside) against Wales 15′ from soccer
Sardar Azmoun (Iran) wasted a great chance against Wales 23′ from soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА