Реал Мадрид успеа да триумфира на домашен терен над Мајорка со 2-1 во меч во кој многу работа имаа судиите во ВАР-собата кои му поништија три погодоци на „кралскиот клуб“.
Мбапе стрелаше на самиот почеток, но тој погодок беше поништен поради минимален офсајд. Гостите потоа ги шокираа фановите на „Сантијаго Бернабеу“ први доаѓајќи во водство преку Муричи, но Реал се врати пред самиот крај на првото полувреме со два гола постигнати за помалку од една минута, преку Гулер и Винисиус.
Мбапе даде уште еден гол во судиското продолжение, повторно поништен поради офсајд, а во второто полувреме повторно меѓу стрелците се запиша и Гулер, но тој погодок беше поништен поради играње со рака на Турчинот.
Мајорка имаше одлична шанса да израмни, но Александер Арнолд ја расчисти опасноста од саката гол-линија, по што Реал заслужено го доби овој меч, за трета победа во третиот дуел од новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

