ВАР технологија во македонското првенство нема, а не е ниту на повидок да го има кај прволигашите, а да не зборуваме и кај второлигашите.
Но интересна „ВАР“ ситуација се случи на дуелот во Македонска Каменица, каде што играат Саса и Пехчево. При 1-2 за гостите од Пехчево, во 53. минута домашните израмнија по пенал. Но, пеналот во крајна мера е сомнителен, затоа што најпрво судијата Дени Лековски од Битола, покажа на гол аут. Никој не се бунеше, а потоа одеднаш ја смени одлуката во најстрога казна!?
Гостите беа лути и бесни на судијата, го опколија, бесен беше и тренерот кој притоа доби жолт картон поради реакцијата. Но залудно, пеналот беше изведен и Саса израмни на 2-2 во тие мигови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА