ВАР на перуански начин: Нема камери, но затоа има фоторепортер… (ВИДЕО)

Во денешнот време ВАР системот и тоа како помага за фудбалска правда на терените. Но, немаат сите доволно средства за негова имплементација.

Па, досетлив судија од Перу на скромен и ефтин начин смисли како да ги гледа спорните ситуации без скапа технологија, и ги воодушеви сите.

На натпреварот од Купот на Пери меѓу Ретамос и Пампамарка, еден удар се чинеше дека мина низ дупка од мрежата, по што беше признаен погодок. Но, потоа судијата Алберт Алкаркон недоволно сугурен се одлучи на извонредната импровизација. Виде покрај теренот фоторепортер од кого побара да ги погледне фотографиите од спорните моменти.

И, изненадувачки спорниот момент беше повеќе од солидно фатен на фотографиите. Погодокот беше признаен, а судијата потврди дека не треба и скапа опрема за да се расчисти нејасностија.

Се вчитува...