ВАР направи хаос на мечот меѓу „завојуваните“ Северна Кореја и Кина (ВИДЕО)

Машката фудбалска репрезентација на Северна Кореја можеби има лоша репутација кога станува збор за овој спорт, но тоа не е случај со жените.

Женската фудбалска репрезентација на оваа земја е една од најдобро рангираните екипи во светскиот фудбал. Три пати го освоија Азискиот куп, а стигнаа до четвртфиналето на Светското првенство во 2007 година.

На Азискиот куп во Австралија, го победија Узбекистан со 3-0 во својот прв натпревар пред убедливата победа од 5-0 против Бангладеш.

Третиот натпревар во групата беше против Кина, која е уште една азиска сила во женскиот фудбал.

Во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, Кина постигна гол, поради кој настана целосен хаос. Жанг Ченгсјуе изведе слободен удар, а Ванг Шуанг постигна гол, но помошникот судија го крена знамето за недозволена позиција.

ВАР ја провери ситуацијата и на крајот го призна голот постигнат од Кина.

Севернокорејките беа бесни на одлуката и отидоа кај четвртиот судија да протестираат. Сè траеше околу три минути, а потоа судијата свиреше крај на првото полувреме.

После тоа, севернокорејските фудбалерки наводно одбија да се вратат на теренот во второто полувреме.

На крајот, тие се појавија на теренот, а натпреварот заврши со победа на Кина.

ВАР- системот, исто така, одигра улога 10 минути пред крајот на натпреварот, бидејќи Чое Ил-сон мислеше дека го постигнала израмнувачкиот гол, но голот беше поништен.

Па, по овој пораз, Северна Кореја,  ќе игра против Австралија во четвртфиналето на Купот.

Се вчитува...