ВАР потфрли на Копа Америка: САД елиминирани со нерегуларен гол, Пулишиќ полуде…. (ВИДЕО)

Со многу контроверзии мина натпреварот од последното коло во групната фаза меѓу Уругвај и домаќинот САД во групата Ц на Копа Америка, во кој Уругвајците славеа со 1-0 и на тој начин ги елиминираа Американците од понатамошното натпреварување.

Единствениот гол на натпреварот кој го постигна Матијас Оливеира во 66. минута беше од офсајд позиција, но зачудувачки не беше поништен и покрај тоа што ВАР системот јасно одбележа дека Оливерa беше со цело тело пред американската одбрана во моментот кога Араухо упати удар кон голот. Откако голманот одбрани, тој се активираше и постигна гол, кој се очекуваше да биде поништен. Но, судиите го признаа, а остана нејасно зошто не се реагираше од ВАР собата.

Сето тоа предизвика огромен револт по мечот кај играчот на Милан, Кристијан Пулишиќ кој крајно лут на судиите беше „уловен“ од камерите како им сугерира на судиите да одат да слават заедно со играчите на Уругвај. Поради тоа главниот судија не сакаше да се ракува со Пулишиќ.

САД натпреварите по групи ги завршија на третото место со три бода. Второто место и пласман во четвртфиналето од оваа група обезбеди Панама, која во Орландо ја победи Боливија со 3-1.

Се вчитува...