Манчестер јунајтед има предност од 1-0 против Ливерпул во големата дерби пресметка од 9. коло во Премиерлигата.
Во повеќе од возбудлив натпревар на „Олд трафорд“ низ првите 45 минути во фокусот ВАР системот, по чие прегледување, беше признаен погодокот на Јунајтед за водство, а непризнаен гол на Ливерпул во 45. минута.
Во 36. минута Рашфорд постигна гол по брз контранапад на домашните кој оправдано беше признаен по прегледувањето на видео снимките…
Но, во 45. минута и Мане стрелаше за Ливерпул. Погодокот, сепак, беше поништен откако ВАР системот покажа дека офанзивецот на Ливерпул претходно играл со рака пред постигнатиот погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА