ВАР спречи радост на Милан против Емполи

Стефано Пиоли тактизираше со составот на Милан на дуелот со Емполи, чувајќи дел од клучните играчи за престојниот меч од ЛШ против Наполи, па „росонерите“ одиграа само 0-0 против големиот аутсајдер.

Жиру и Леао ја предводеа листата на играчи што останаа на клупата за резерви, а откако Милан покажа немоќ во нападот предводен Ориги, тренерот Пиоли реши да ги уфрли во игра главните оружја во текот на второто полувреме.

„Сан Сиро“ еуфорично прослави кога Оливие Жиру пред самиот крај успеа да постигне гол со 1-0, но радоста траеше само две-три минути бидејќи со ВАР беше утврдено дека Французинот играл со рака и погодокот беше поништен.

Се вчитува...