ВАР – технологијата ќе го освои и мундијалот во Русија?!

Видео-технологијата ќе го освои фудбалот и на највисоко ниво. Познатата ВАР – технологија (судиски видео асистент) ќе биде вклучена и на натпреварите од Светското првенство во Русија. Иако оваа одлука треба да биде донесена преку телата на ФИФА, повеќе од јасно е дека тоа ќе се случи во наредниот период, доволно брзо за да се спроведе на натпреварите од претстојниот мундијал.

Од оваа сезона ВАР – технологијата ја има во Италија, Германија, Холандија, Португалија, а од следната сезона се најавува и во Шпанија. Во Англија засега се спроведува „гол-лајн“.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека ВАР – технологијата ќе биде тестирана на Светското клупско првенство, а потоа речиси сигурно ќе биде инсталирана и како помош за судиите на мундијалот во Русија.

 

Се вчитува...