ВАР – технологијата ќе почека уште една сезона, пред да влезе во Премиер – лигата

Англиската Премиер – лига и во следната сезона нема да ја има ВАР – технологијата како помош за судиите. Клубовите на денешниот состанок ја разгледуваа можноста за применување на новата модерна технологија во фудбалот, но гласаа таа да не биде задолжителна, туку да остане на експериментално ниво.

„Клубовите од Премиер – лигата денеска се согласија да продолжи периодот на тестирање на ВАР и во сезоната 2018/19“. Изграден е заеднички став дека на технологијата и се потребни одредени подобрувања, посебно во делот на комуникацијата на главниот судија на теренот и лицата задолжени за следење на спорните ситуации зад видео-екранот“, се вели во соопштението кое го објави Премиер – лигата.

Во Англија, следната сезона ВАР – технологијата се очекува многу почесто да биде тестирана во рамките на ФА купот и во рамките на Лига – купот, но и во овие натпреварувања нема да биде задолжителна.

Се вчитува...