ВАР-циркус во Лестер: Ливерпул имаше предност од 0-1, па загуби со 3-1 (ВИДЕО)

Крајно драматичен натпревар со многу контроверзни одлуки, а се поради ВАР-реакциите, одиграа Лестер и Ливерпул во 24. коло од Премиерлигата, кој на крајот заврши со победа на Лестер од 3-1.

А, Ливерпул имаше предност од 0-1 се до 80. минута по погодокот на Салах во 67. минута.

 

Потоа, во 79. минута судијата најпрво досуди пенал за домашните, но ВАР одлучи дека прекршокот е надвор од шеснаесетникот. Но, и тоа не беше пречка за Медисон да донесе израмнување,  и покрај тоа што имаше очигледна офсајд позиција.

Веќе во 81. минута Варди погоди за 2-1 по катастрофалната грешка на Алисон.

Во 85. минута Барнс заокружи за конечни 3-1.

Се вчитува...