ВАР-циркусот кој доминираше и на СП 2022, на штета и на Македонија. Главниот судија на натпреварот меѓу Македонија и Малта Кристо Товер по проверка на ВАР одлучи да го поништи досудениот пенал за нашата репрезентација во мечот со кој ги отворивме квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија.
Бојан Миовски во 59. минута беше очигледно фаулиран во шеснаесетникот на гостите по кој Естонецот се реши да досуди пенал.
Сепак, тој беше повикан по консултација со ВАР па откако ја прегледа снимката се одлучи да го поништи досудениот пенал. Дефанзивецот на Малта во прв момент ја тргна ногата, но очигледно е дека го зафаќа Миовски… Но!?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА