Воведувањето на ВАР беше револуционерна одлука во фудбалската историја, но во ФИФА очигледно не се најзадоволни од тоа како функционира системот во кој судиите од ВАР-собата одлучуваат дали главниот арбитар направил грешка, дали воопшто да го повикаат да го види инцидентот на повторена снимка или играта да продолжи.
Последните информации говорат дека ФИФА веќепочнала со тестирање на нов проект со име – Фудбалска Видео Поддршка, која целосно би го заменила ВАР-системот во иднина. Идејата е целосно укинување на ВАР-собата, а давање за право на тренерите на екипите да побараат „челинџ“ за да се провери исправноста на одлуката на судијата.
При секој челинџ главниот судија ќе биде обврзан да ја прегледа повторно спорната ситуација, а тренерите би имале две шанси да „промашат“ во овие барања.
„Точно е дека е почнато тестирање, но се уште сме на почетокот, правиме детална анализа. Како што е договорот, ќе поднесеме целосен извештај до Меѓународниот Одбор (ИФАБ) и ќе бараме продолжување на тестирањето. Идејата е да постои лимит на ревизиите на судиските одлуки, имате само две по нтпревар. Ако не сте во право, губите една, ако пак згрешите, ја губите и втората. Затоа, како тренер не смеете да си дозволите да ги загубите во раната фаа од мечот. Бараме решение со кое сите би ја имале оваа технологија. Многу земји не можат да си дозволат ВАР, но оваа опција би била пристапна за сите“, изјави шефот на судиите при ФИФА, легендарниот Италијанецот Пјерлуиџи Колина во разговор за ЕСПН.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА