Детонит Плачковица сезоната во Втората македонска фудбалска лига ја заврши на петтата позиција, веднаш зад големата четворка Воска, Гостивар, Вардар и Пелистер која биеше битка за влез во прволигашкото друштво.
Сето тоа доволно зборува за начинот на кој младиот тим на Детонит се однесуваше низ штотуку завршениот шампионат.
Задоволен е и шефот на стручниот штаб Иван Варадиновски кој потенцира дека виновници за позитивните моменти во текот на оваа сезона во тимот се играчите, кои максимално посветено покажале дека Детонит има сили и квалитет за следната сезона и за уште подобри настапи.
„Ја завршивме оваа сезона како што посакувавме, со победа и на 5. место кое само по себе кажува многу. Најголемите заслуги одат кон играчите кои се главни виновници за позитивните моменти во текот на оваа сезона. Јас сум задоволен од она што го сработивме и прикажавме како тим. Сега ни останува да се одмориме, да направиме анализа на се она што го поминавме и спремни да го дочекаме почетокот на новата сезона“ – вели Варадиновски за ЕКИПА во краткиот осврт на сезоната за својата тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА