Варадиновски револтиран од судењето во Македонска Каменица: Ние сме морални победници, надлежните мора да реагираат

Фудбалерите на Пехчево ремизираа (2-2) на гостувањето против Каменица Саса во 22. коло од Втората лига – Исток, но останаа без триумф , како што велат од таборот на пехчевци, само поради тенденциозното судење на делителите на правдата на сметка на Пехчево.

Шефот на стручниот штаб на Пехчево, Иван Варадиновски иако никогаш досега воопшто не го коментирал судењето на натпреварите сега, како што вели, не може сега да замиже пред неправдите направени кон неговите фудбалери. Посебно, по крајно неоправдано досудениот пенал од кој Каменица Саса во второто полувреме се спаси од пораз, и покрај тоа што претходно беше досуден гол-аут за Пехчево. Но, по повеќе од две минута главниот судија се одлучи да ја промени одлуката досудувајќи пенал за домашните.

„Честитки до сите мои играчи кои денеска се морални победници од натпреварот во Македонска каменица. Евидентно беше дека не можеме и против судиските одлуки. Се надевам дека надлежните лица одговорни за судиите во ФФМ добро ќе ги погледнат сите спорни моменти, како во иднина не би се случувале вакви работи“ – изјави Варадиновски по денешниот натпревар со Каменица Саса.

Се вчитува...