Варан донесе три бода за Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед ја започна новата сезона во Премиерлигата со победа од 1-0 на „Олд Трафорд“ против екипата на Вулверхемптон. Гостите на моменти беа и подобар противник имаа неколку опасни шанси да постигнат гол, но на крајот пресуди искусниот Рафаел Варан.

Стоперот реагираше одлично по нафрлената топка во шестнаестникот и со глава ја затресе мрежата на гостите за големо славје на преполниот стадион.

Се вчитува...