Рафаел Варан е стандарден во одбраната на Франција на овој светски шампионат, а токму присуството на асот на Манчестер Јунајтед е значаен адут на „триколорите“ во битката за тронот на светскиот фудбал што оваа селекција в недела ќе ја води против Аргентина.
Имено, Варан важи за роден победник кога станува збор за финалните натпревари што ги има одиграно во кариерата, и на кои слави со 88% успешност.
Конкретно, Французинот досега има настапено на 17 финалиња, севкупно на клупско и репрезентативно ниво, при што забележал 15 победи и само два порази. Единствените два порази се на Супер-купот на Шпанија во 2014 година и во Супер-купот на Европа во 2018 година.
Сепак, треба да се истакне дека при тој неуспехот во 2018 година (2-4 од Атлетико Мадрид) главен судија беше Полјакот Марсинијак, кој и в недела ќе биде задолжен за делење на правдата на големото мундијалско финале.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА