Францускиот стопер Рафаел Варан на само 31 година размислува да замине во пензија. По неговиот трансфер во италијански Комо, се чинеше работите ќе тргнат на подобро, но спротивно од тоа, Французинот се мачи со повредата која ја заработи летово.
Тој лани пропушти голем дел од натпреварите за Манчестер Јунајтед поради повреда, а сега размислува на пензија иако има само 31 година, пишуваат италијанските медиуми.
Јунајтед го ослободи, а тој како слободен агент замина во Комо. Пред еден месец на меч во Купот на Италија, го напушти теренот во 20 минута поради повреда, а нема најави кога ќе може да се врати на терените.
Последните информации дека веќе размислува да го раскине договорот со Комо, и да оди во пензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА