Варан не тренира со „полна пареа“, можеби ќе го пропушти дуелот против Атлетико

Фудбалерите на Реал Мадрид се вратија во тренажен процес по големата победа на Јувенстус во Торино. „Кралевите“ веќе ги очекува нова тешка пресметка, во недела на „Сантијаго Бернабеу“ ќе им гостува градскиот ривал Атлетико Мадрид, па затоа нема многу простор за одмор, освен за Рафаел Варан.

Варан го одработи целосно тренингот на екипата, но со помал интензитет. Целта е да ја одржи кондицијата на високо ниво, и при тоа да биде одморен за реваншот против Јуве, што значи дека големи се шансите градското дерби да го проследи од трибини.

Зидан нема многу избор, ова е единствениот начин да го реши проблемот околу дефанзивната линија за следните два меча. Рамос ќе биде недостапен за „кралевите“ во реваншот против Јуве поради суспензија од жолти картони, додека Начо поради повреда е вон строј најмалку четири недели, што значи дека Варан ќе биде единствениот централен бек достапен на својот тренер за втората пресметка во ЛШ.

 

Се вчитува...