Реал Мадрид се распрашува за потенцијален „кам-бек“ на Рафаел Варан. Французинот треба да ги решава проблемите во одбраната на „кралевите“ кои од ден на ден се се поголеми.
Алаба и Милитао заработија тешки повреди, и ќе паузираат до крајот на сезоната. Останаа само со Рудигер и со Начо, но доколку некој од нив се повреди, или доби црвен картон како што е случајот со Начо, тогаш Анчелоти ќе треба да бара друго решение и да прави рокади.
Затоа Реал Мадрид ќе се обиде да го врати Варан, кој не е во добри односи со Тен Хаг, и сезонава се почесто е на клупата отколку што е на теренот, и затоа е се поблиску до напуштање на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА