Зинедин Зидан се соочува со големи проблеми пред дуелот со Севилја откако вчера Рафаел Варан се повреди на мечот против Борусија Дортмунд. Дефанзивецот мораше да го напушти теренот во 37. минута, па сега се придружува повредените Сашемиро, Карвахал и Валјехо кои нема да бидат во комбинација за следниот натпревар. Францускиот стратег останува само со Начо како комплетно подготвен играч од одбраната за саботната пресмета, капитенот Рамос нема право на настап откако „поцрвене“ на гостувањето во Билбао во претходното коло.
Според медицинските прегледи Варан не би требало да отсуствува долго од терените, но Зидан потврди дека нема да игра против Севилја.
„Повредата не изгледа толку лошо, но нема да игра против Севилја, тоа е сигурно. Ја повреди ногата на сличен начин како и на натпреварот со Жирона, па тогаш отсуствуваше само два меча, се надевам дека и сега ќе биде така“, исткана Зидан.
Предвоникот на „кралевите“ сега ќе мора да смили алтернативи, од одбранната на располагање му се Марсело, Начо, Ашраф и Тео Ернандез, додека има шанса и младиот Маркос Љоренте да се најде на задната линија во формацијата на Реал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА