Вараждин го слави Митровски: Два гола на Македонецот за победа над Локомотива (видео)

Димитар Митровски одигра меч за паметење за Вараждин, самиот правејќи резултатски пресврт со кој неговиот тим победи со 2-1 против Локомотива Загреб и ја продолжи трката за излез во фудбалска Европа.

Гостите од Загреб имаа водство од 0-1, но во вториот дел на сцена стапи Митровски, постигнувајќи фантастичен погодок од слободен удар од околу 35 метри.

И тоа не беше се од Македонецот, кој повторно блесна во финишот покажувајќи го раскошниот талент, најпрвин со беспрекорен прием со кој си создаде предност, а потоа и со прецизен удар за гол и победа на Вараждин…

 

Се вчитува...