Вард Праус е нов фудбалер на Вест Хем

Англискиот премиерлигаш Вест Хем го официјализираше трансферот на Џејмс Ворд – Праус. По 12 години поминати во сениорскиот тим на Саутемптон, а вкупно 20 во овој клуб, одличниот среднист се одлучи да го напушти „Сент Мерис“.

28-годишниот англиски репрезентативец стави потпис на четиригодишен договор со чеканите, со трајност до јуни 2027 година.

Се вчитува...