Ракометниот тим на Вардар 1961 ја продолжува победничката серија во новата сезона, откако вечерва на гостински терен го совлада ГРК Охрид со 22-27 во рамки на 5-то коло.
Првото полувреме беше одиграно доста тврдо, се играше претпазливо и гол за гол на двете страни, па фаворизираните гости заминаа на пауза со минимална предност од 12-13. Во вториот дел „црвено-црните“ доминираа во целост, одиграа одлично во нападот и одбранта, а ваквиот пристап кон играта им донесе нови три бода.
Охрид беше предводен од Владимир Бојаниќ и Халил Озтурк со четири погодоци, кај гостите доминираше Куни Моралес со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА