Вардар ако против некого знае, тогаш ете знае против „лавовите“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вардар дојде до повеќе од значајни три бода во битката за опстанок на гостувањето против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.

Творец на победата на „вардарци“ беше младиот Михајло Милосавиќ со голот во првото полувреме, за победа од 0-1, но повеќе од доволна за добивање на сите бодови и доближување на два бода од Брегалница и Воска Спорт.

За „црвено-црните“ сезонава ова е и втора победа против „лавовите“ од Ѓорче Петров. По 16 одиграни натпревари, Вардар има само четири победи, но две од нив се токму против Македонија ЃП. Во неатрактивен меч во Ѓорче Петров, без фудбалска убавина, на крај ќе се паметат само бодовите за најтрофејниот македонски клуб кој не планира така лесно откажување од трката за опстанок…

 

Се вчитува...