Вардар бара милионска отштета за Мато!

Вардар сака да го задржи Роџер Мато во своите редови, но засилениот интерес од клубови ширум Европа за овој фудбалер ја принуди управата на „црвено-црните“ да утврди и сума за која крилниот офанзивец би бил продаден.

Лидерот во ПМФЛ пред неколку дена одби 350.000 евра од шкотски Хартс, во меѓувреме пристигнале уште неколку понуди, по што Вардар јавно ја објави сумата за која Мато би можел да биде продаден – отштета во висина од 1,5 милиони евра.

„ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Рогерс Кассим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра“, објавија „црвено-црните“.

Се вчитува...